Забава

Четири хороскопски знаци кои се фантастични во кревет

Кои се најжестоките љубовници во хороскопот? Без оглед на тоа што секој знак има некои свои силни страни кои го прават вешт во креветот, овие четири знаци најдобро се снаоѓаат во таа област.

Лав

Негов владетел е Сонцето, па јасно е дека ќе биде огнено во кревет. Лавовите не се срамежливи, ќе пробаат сè, при силна светлина, и да не ве зачуди ако извадат камера. Секогаш се разиграно расположени и сакаат да експериментираат во кревет.

Скорпија

Овој знак е незаменлив во сексот. Тие се познати по својата сексуална моќ. Подготвени се да експериментираат и да фантазираат дали ќе бидат фатени, па немојте да се изненадите ако ви предложи секс на јавно место. Исто така, ни секс-играчките не му се туѓи.

Близнаци

Нивната имагинација е валкана, па немојте да се шокирате ако добиете секси фотографија од нив среде бел ден или ако за време на семејниот ручек почнат да ви шепотат што би направиле со вас. Подгответе се за различни сценарија во креветот, од средба на лекар и медицинска сестра до пријателство помеѓу доставувач на пица и девојка која нема пари да му плати.

Девица

Името на овој хороскопски знак, барем кога станува збор за умешноста во креветот, не е точно. Тие се сè освен девици. Инаку педантни и организирани, девиците се огнени и страсни во кревет.

Слични написи

Паб во Англија ќе ви плати за да пиете пиво кај нив

Biba

Во недела започнува зимското сметање на времето, ги враќаме стрелките на часовникот за еден час наназад

dart

Според експертите, луѓето постари од 40 години не би требало да работат повеќе од 3 дена во неделата

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.