Забава

Четири луксузни куќи на богати и славни

Богати се и славни и нивниот живот го следат милиони луѓе. Но, домовите на овие богати и славни личности претставуваат место каде што можат да се скријат од очите на јавноста и да се одморат.

Погледнете делови од домовите на неколку славни и богати луѓе.

  • Селин Дион

Популарната пејачка која за својот дом одвоила 28 милиони долари, се протега на 20.000 квадратни метри и се наоѓа на Флорида. Вилата има 13 спални соби и 14 бањи, а ѕидовите се направени од стакло. Импресивноста на оваа вила е во тоа што пред куќата се наоѓа голем воден парк со 2 базена, 2 тобогана, водени топови и дрвена куќичка.

  • Тејлор Свифт

Нејзината куќа се простира на 11.000 квадратни метри, а се наоѓа на Беверли Хилс. За оваа куќа пејачката издвоила 25 милиони долари. Куќата датира од 1934 година и се наоѓа во истата четврт каде што некогаш живееле познатите Клерк Гејбл и Чарли Чаплин.

  • Елен ДеЏенерис

Познатата американска комичарка и водителка за својот дом кој се простира на 10.000 квадратни метри одвоила 39,5 милиони долари. Куќата има поглед и на океанот и на планина. Пред куќата има базен и тениско игралиште. Каменот, мермерот и прозорите се изработени од метал и даваат природен изглед.

  • Мег Рајан

Куќата на Мег Рајан се протега на 4.000 квадратни метри и ја купила за 9,85 милиони долари. Уредена е во модерен стил, а боите што ги користела при уредувањето се црна и бела.

Слични написи

Легендарните Квин добија своја монета во Британија

admin

“La tomatina” фестивалот во Шпанија

admin

На што се должи генијалноста за сликање на Леонардо да Винчи

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.