Гастрономија

Хамбургер супа

 

Потребни состојки:

1 главица ситно исечкан кромид

3 стебленца исечкан целер

2 исечкани моркови

450 г мелено говедско месо

4-5 чаши бујон од коска

250 г боранија

200 г брокула разделена на ситни цветчиња

1 патлиџан исечкан на парчиња

3 репки, излупени и исечени на парчиња

мешавина од италијански зачини

сол, бибер и магдонос по вкус

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере на малку масло ставете ги кромидот, целерот и морковите, посолете и зачинете по вкус.
  2. Динстајте ја смесата додека да омекне кромидот, потоа додајте го меленото месо и убаво измешајте го да се разбие на ситни парченца. Додајте сол и бибер по вкус.
  3. Додајте го бујонот и откако чорбата ќе зоврие, намалете ја температурата, додајте ја репката и поклопете го тенџерето со капак, да се вари следните 15 минути.
  4. Потоа додајте ги боранијата, патлиџанот и брокулата и варете уште 10 минути или додека да се свари зеленчукот.
  5. По потреба додајте уште зачини и сервирајте ја супата додека е топла, декорирана со ситно сечкан свеж магдонос.

На здравје!

 

Слични написи

Мусака од модар патлиџан и леќа

Biba

Домашен леб што не се меси

Biba

Пита од тиква и бадеми

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.