Психологија

Фејсбук ги спојува луѓето, но ги прави несреќни

 

Луѓето кои користат Фејсбук се чувствуваат поврзани со други луѓе, но тоа не ги прави среќни. Научната студија во која учествувале млади полнолетни корисници на Фејсбук, чии заклучоци ги пренесува агенцијата АФП, го покажала не само тоа, туку и дека луѓето кои почесто ја користат оваа мрежа, се чувствуваат несреќно.

“Навидум, Фејсбук претставува извор од непроценливо значење за исполнување на основната човекова потреба за социјална комуникација”, изјавува главниот автор на истражувањето, социјалниот психолог Итан Крос од Универзитетот на Мичиген. “Меѓутоа, утврдивме дека наместо да ги зајакне душевното спокојство и среќата, користењето на Фејсбук доведува до спротивен ефект, односно, ги поткопува”, додава тој.

Научниците ангажирале 82 млади возрасни луѓе кои имаат смартфон и профил на Фејсбук, на кои им го оценувале субјективното чувство на среќа така што пет пати дневно во текот на пет недели им праќале СМС-пораки во различни периоди од денот. Во нив, учесниците во истражувањето ги прашувале како се чувствуваат токму во тој момент, дали чувствуваат некаков страв, дали се осамени, колку време поминуваат на Фејсбук, а колку во директна интеракција со луѓе.

Студијата објавена во списанието PLOS е прва во која е направен обид да се измери влијанието кое го има Фејбук на среќата и на животното спокојство.

“Колку повеќе го користеле Фејсбук, толку полошо се чувствувале, според нивните изјави кога ги прашувавме за нивното расположение. Спротивно на тоа, директниот контакт со вистински луѓе им го зголемуваше спокојството и предизвикуваше други пријатни емоции”, додава Крос.

“Тоа е резултат од многу критично значење, затоа што за цел ја има самата срж, самата основа на влијанието кое го имаат социјалните мрежи врз животот на луѓето”, укажува коавторот на студијата, невронаучникот и психолог Џон Jонидес, исто така од Универзитетот на Мичиген.

 

Слични написи

Лутината е поштетна за здравјето на постарите луѓе отколку тагата

Biba

Бебињата го сакаат гласот на мама, но зборовите ги учат од тато

admin

Може ли таткото да добие постнатална депресија?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.