Спорт

Фернандо Торес објави крај на својата кариера

 

Шпанскиот фудбалер Фернандо Торес официјално изјави дека ја завршува својата фудбалска кариера.

На својот твитер-профил, Торес вели дека после 18 години дошло време за завршување на плодната фудбалска кариера и дека деталите за неговата одлука ќе ги објави во недела на прес-конференција во Токио, каде што игра во токискиот клуб Саган Тосу.

https://twitter.com/Torres/status/1141934249362124801

Фернандо Торес својата кариера ја започна во Атлетико Мадрид во 2001 година и за нив играше сè до 2006 година. Се афирмираше како еден од најдобрите напаѓачи во светот. Потоа следеше трансферот во Ливерпул, каде што ја продолжи својата брилијантна кариера. Откако го напушти Ливерпул, премина во Челси.

Токму трансферот на Торес вреден 50 милиони евра од Ливерпул во Челси беше зачетникот на абнормалните обештетувања при трансферите од еден во друг клуб, кои со секоја следна година енормно се зголемуваа. Навивачите на Ливерпул никогаш не му простија што се префрли во конкурентскиот тим.

Торес по Челси замина во Милан, од каде што се врати во Атлетико Мадрид.

Кариерата ја завршува во Јапонија.

 

Слични написи

ФФМ соопшти дека се одложува стартот на Првата лига

admin

Ќе биде ли Нејмар ослободен од обвинението за силување во Бразил?

Biba

РК Работнички како Феникс се издигнува и цели кон Македонската Супер лига

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.