Технологија

Уреди за прочистување на воздухот во домот – потреба или луксуз?

 

Како да ги заштитиме нашите деца и самите себе од штетното влијание на екстремно загадениот воздух?

Сè поголем дел од луѓето, притиснати од современиот начин на живот, се решаваат да користат прочистувачи и јонизатори на воздух во својот дом. Дали е тоа луксуз или потреба?

Сведоци сме на енормни загадувања на воздухот во нашата држава, особено во периодот на доцна есен, зима и рана пролет. Параметрите за загадување се качуваат и по десетина пати повеќе од дозволените мерки. Се зголемува бројот на заболени од респираторни болести, а да биде уште пострашно, зголемен е и бројот на деца со респираторни болести.

Гледано од оваа перспектива, тенденцијата на купување на уреди за прочистување и јонизирање на воздухот станува повеќе од потреба.

Тука доаѓаме до дилемата каков уред ни е потребен за нашиот дом.

Основните параметри на кои треба да обрнеме внимание се – до која големина уредот ги филтрира штетните честички во воздухот, кои алергени ги спречува. Квалитетните прочистувачи на воздух се подготвени да војуваат со непријатни мириси, бактерии, мувли, вируси, полен, прашина, штетни гасови и треба да ни овозможат воздух ослободен од сите штетни состојки, кој нема да го уништува нашето и здравјето на нашите деца.

На пазарот во Македонија има многу типови на прочистувачи на воздух и јонизатори, а има и повеќе компаниии што вршат продажба на овие уреди.

Една од најреномираните компании за продажба на уреди за прочистување и јонизирање на воздухот е KM Medical од Скопје. Нивните стручни лица најдобро ќе ви помогнат во решавање на дилемата кој и каков уред ви е потребен за вашиот дом.

Како илустрација, погледнете ги сликите што ни ги овозможија од KM Medical за да се запознаете начелно со начинот на кој нивните уреди за прочистување на воздухот ја вршат работата за која се наменети.

 

 

 

 

Слични написи

Русија ќе се двои од светскиот интернет

Biba

Што ќе се случи ако во авион не ја вклучите опцијата „авионски режим“?

admin

FIFA 19 ќе добие надградба

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.