Психологија

Уметноста усреќува и го подобрува менталното здравје

 

Одење во театар, слушање музика, свирење, сликање и занимавање со други облици на уметност го подобрува расположението и го чува здравјето.

Научниците од норвешкиот Универзитет за наука и технологија во својата студија дошле до заклучок дека мажите кои дел од времето одвојуваат за да се занимаваат со култура и уметност, поретко страдаат од депресија.

Истражувањето во кое учествувале околу 50 000 лица, покажало дека културните фактори имаат посилно влијание врз чувството на среќа отколку парите, што ги навело научниците да заклучат дека уметноста и културата имаат позитивен ефект на менталното здравје.

Позитивното влијание на културата и на уметноста врз здравјето е забележано и кај двата пола, но “мажите кои повеќе учествуваат во културни настани или се занимаваат со уметност, многу поретко страдаат од депресија”, изјави професорот Јостен Холмен, кој е еден од водачите на истражувањето.

“Врската помеѓу здравјето и културните активности не е толку голема за да можеме да тврдиме дека културата ги прави луѓето здрави, но дефинитивно игра важна улога за човечкото здравје, посебно за менталното”, додава професорот Холмен.

Марк Тајрел, еден од психолозите кои учествувале во истражувањето, потврдува дека со одењето во театар, слушањето музика, сликањето и занимавањето со други форми на уметност луѓето го чуваат своето ментално здравје, но и го поправаат во случај да е нарушено.

“Слушањето музика, исто како и свирењето на инструмент, кај луѓето предизвикува чувство на припадност кон заедницата и исполнува важен дел од потребата за социјален контакт. Занимавањето со некој облик на уметност, исто како и физичката активност, може да биде многу покорисно од лековите за депресија кои се пропишуваат клинички”, вели Тајрел.

“Депресијата во општеството може да се прошири речиси како грип. Ова особено е изразено во периодите кога доаѓаат или за време на празници, кога вообичаено има пораст на обидите за самоубиство, но и на семејното насилство”, заклучува Тајрел.

Слични написи

Перфекционизам – потрага по совршенство

admin

Премногу отворени прозорчиња на компјутерот влијаат негативно на расположението и на продуктивноста

Biba

Интересни факти за човечката психа кои се помалку познати

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.