Автомобилизам

Уличниот ѕвер на Volkswagen со ознака Wimmer Polo R WRC

 

За љубителите на улични болиди, адресата на тјунинг куќата Wimmer е вистинското место.

Стандардното Volkswagen Polo GTI има 200 ks и вртежен момент од 320 Nm, додека Volkswagen Polo R WRC од дволитрениот турбо бензинец добива 220 ks и вртежен момент од 475 Nm што е сосема доволно за врвно задоволство.

Но, има купувачи што се заинтересирани за дополнително подобрување на овој модел.

За тоа се погрижи тјунинг куќата Wimmer, која од Volkswagen Polo R WRC извлече уште моќ и вртежен момент, дури 420 ks и вртежен момент од 650 Nm.

За ова е заслужен дополнителниот пакет што го нуди куќата, пакет кој за 10.200 евра нуди нов турбополнач, подобрена пумпа за гориво, вбризгувачи, нов всисувачки и издувен систем и репрограмирање на нов ECU. Со имплементација на целиот пакет се добива уличен болид за почит.

Забрзувањето како податок не е објавено, но максималната брзина е 280 km/h.

За дополнителни 1.700 евра се нуди пакет со кој се подобрува бесењето и можност за регулирање на висината и тврдоста.

Севкупно, беспрекорно возило.

 

Слични написи

Volkswagen Комерцијални возила го претстави електричниот транспорт од иднината

Biba

Ford Shelby Mustang GT 500 со 760 коњски сили

Biba

Суператрактивниот концепт на ауди

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.