Патуваме

Убавините на Бора Бора

Бора Бора е остров што ѝ припаѓа на Француска Полинезија. Сместен е на средина во Тихиот Океан, на половина пат помеѓу Австралија и Северна Америка. Името му го дале староседелците Пора Пора, и значи првороден.

Според изјавите на луѓе што го посетиле, Бора Бора е најромантичниот и најексклузивниот остров што може да се посети.

Овој прекрасен остров е опкружен со лагуни и корални гребени, а на средината на островот се наоѓа планината Отеману, составена од остатоци од некогашниот вулкан кој има форма на два врва со висина од 727 метри. Главна населба, која е и најпосетена, е Ваитапе, на западната страна од островот.

Убавината на Бора Бора го одзема здивот. Совршено бели песочни плажи, смарагдносина вода која ви дава чувство како да сте во рајот. Исполнет е со долини прекриени со цветови од хибискус.

Оние што ја имале среќата да ја посетат преубавата Бора Бора, освен во убавите пејзажи, можеле да уживаат и во возење со кану, сурфање, крстарење со јахти, нуркање и истражување на коралниот гребен.

Службен јазик на Бора Бора е францускиот, но англискиот е универзален и со него без проблеми може да се разберете и да комуницирате со локалното население.

Слични написи

Помалку познати места во Италија и нивните скриени тајни

Biba

Мадеира – островот на цвеќињата

Biba

Токио, град од соништата

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.