Технологија

Турците го најавија прототипот на првиот летечки автомобил

 

“Бајкар” е турска компанија за производство на дронови, која покрај дронови реши да се обиде и во дизајн и производство на летечки автомобил.

Инженерите на “Бајкар” го најавија прототипот на летечки автомобил, кој доколку се произведе, ќе биде првиот таков производ направен во Турција.

Главниот технолошки директор на компанијата, Селџук Бајрактар, изјави дека компанијата веќе осум месеци работи на техничката документација, идејното дизајнирање, тестирањето и производство на прототип.

 

 

Летечкиот автомобил со назив “Чезери” се очекува да биде завршен овој септември и да биде прикажан на најголемиот турски саем за аеровселенска технологија Технофест.

Интересно е да се истакне дека летечкиот автомобил го добил името по исламскиот инженер Ал Чезери, кој живеел и работел од 1136-1206 година.

Компанијата “Бајкар” е основана во 1984 година, а наменета е за производство на вооружени и невооружени беспилотни летала, контролни системи, симулатори и системи за авионика.

 

Слични написи

Huawei Mate Xs 2 доаѓа во Европа во јуни, со цена од 1.999 евра

dart

WhatsApp наскоро со нова опција за заштита на вашите разговори

admin

Facebook со нова видео апликација за да ги привлече младите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.