Гастрономија

Топло чоколадо со Нутела

 

Потребни состојки:

250 мл млеко

70 мл слатка павлака

60 г чоколадо исечкано на парчиња (по можност темно, со 70 % какао)

3 лажици Нутела

шлаг за сервирање

Овие состојки се доволни за две чаши топло чоколадо.

Начин на подготовка:

  1. Млекото и слатката павлака сипете ги во лонче на шпорет, на средна температура.
  2. Кога ќе зоврие намалете ја температурата, додајте ги чоколадото и Нутелата и мешајте постојано додека да се стопат.
  3. Тргнете го лончето од шпорет, сипете го топлото чоколадо во две чаши и ставете шлаг одозгора. По желба, декорирајте со прелив од карамел. Уживајте во топлиот напиток.

На здравје!

 

Слични написи

Пилешко во сос од мед

Biba

Кремасти пилешки крокети

Biba

Крцкави компири на шпански начин

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.