Љубов и секс

Таблета за ден потоа – за и против

Таблетата за ден потоа се наметнува како единствено решение за спречување на несакана бременост доколку сте заборавиле да користите кондом. Може да се користи до 72 часа по сексуалниот однос, но колку побрзо ја испиете, толку е поголема веројатноста да спречите бременост. Како и со сè друго, така и со овие таблети постои одреден ризик, бидејќи кај една од четири жени нема да го има посакуваниот ефект. Покрај тоа, не треба да се пие повеќе од два пати годишно.

Предности и недостатоци

Таблетата за ден потоа никогаш не треба да биде замена за контрацептивните таблети што ги користите редовно. Дозволено е да се земе најмногу двапати годишно, бидејќи во спротивно може да предизвика сериозни проблеми. Списокот на несакани ефекти вклучува, меѓу другото, хормонални нарушувања, а најлошо од сè е што жената може да стане неплодна.

Оваа, за некои – магична таблета, може да заштити од несакана бременост, но не и од сексуално преносливи болести. Затоа е пожелно да се избегнуваат незаштитени односи за една ноќ, особено со непознати лица.

Доколку веќе сте забремениле, таблетата за ден потоа не може да ви помогне. Но, не грижете се, нема да му наштети на плодот. Исто така, важно е да знаете дека нема да ве заштити при следниот незаштитен однос што ќе го имате, дури и ако го имате само половина час по консумирањето на итната контрацепција.

Докторски совет

Пред да ја набавите, задолжително прво посетете го вашиот гинеколог кој ќе ве прегледа, ќе ви ја препорача соодветната таблета за вас, а и ќе ве предупреди за сите несакани ефекти што може да ги има.

По земањето на таблетата често се јавува крварење, кое во нормални случаи не треба да биде обилно и да трае долго. Може да се случи и по 3-4 дена да почувствувате мачнина, вртоглавица, но доколку состојбата значително се влоши по неколку часа, тогаш не чекајте, туку веднаш одете во најблиската ординација.

Таблетата за ден потоа може да се купи во сите аптеки по прифатлива цена без лекарски рецепт, што не значи дека треба да ја користите на своја рака и без консултација со лекар.

Слични написи

Редовното трчање го подобрува сексуалниот живот

admin

Колку луѓе имаат вонбрачни врски?

Biba

Фантазирате ли за еротска масажа?

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.