Здравје

Сушењето алишта во затворен простор не е воопшто безопасно

Со доаѓањето на зимата повторно се јавува проблемот каде да ја сушиме испраната облека. За побрзо да се исуши, за да не замрзне и да не прими надворешни мириси, се решаваме за сушење внатре во домовите.

Но, тоа е далеку од безбедно. Сушењето алишта во домовите го зголемува количеството на влага во просторот, а тоа повлекува можност за појава на заболувања као астма и други болести на органите за дишење. При сушење на алишта во домовите нивото на влага се зголемува за 30%, а како додаток на тоа алиштата при сушење испуштаат мала количина на хемикалии од детергентот кои може да претставуваат проблем за здравјето.

Влагата продуцира преку десет видови на опасни габички, мувла, а тоа доведува до бронхитис, проблеми со синусите и други болести. Безброј студии покажале дека лица што престојуваат во простории каде што се сушат алишта, често имаат главоболки и проблеми со дишењето.

Освен тоа, влагата по автоматизам ја спушта температурата во просторијата, па радијаторите треба повеќе да работат за да го компензираат тоа.

Слични написи

Поврзаноста на витаминот Д и калциумот

Biba

Бета-глуканите го подобруваат имунитетот

dart

Утро без стрес и поголема продуктивност

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.