Забава

Страв од летање

Понекогаш, за да стигнете до вашата дестинација треба да патувате со авион. Но, самата помисла на летање ви предизвикува трпки на кожата. Како да се справите со стравот од летање?

Иако најголемиот човечки сон е да се спротивстави на законите на гравитација, сепак, поважно ни е да бидеме безбедни. Според статистичките податоци, воздушниот транспорт е еден од најбезбедните начини на патување. Иако секоја авионска несреќа е драматична вест, треба да се напомене и дека секогаш кога ќе седнете во автомобил го ризикувате животот.

Авионските несреќи се ударна вест во медиумите и честите информации за падот на безбедноста предизвикуваат огромен страв кај некои поединци кои се качуваат во авион. Во Франција, на пример, секој десетти жител има страв од авиони.

Освен ако сите страдаат од акрофобија, овој проблем воопшто не е безопасен. Главна причина за нервозата во авион е непознавањето на техничките предиспозиции на авионот: како што автомобилот успорува на ридовите и забрзува во кривина, така и авионот има варијации во возењето. Авионот што тоне или се издигнува во воздух не е најава за катастрофа, туку едноставно е резултат на надворешни фактори.

Некои патници мразат да бидат затворени на долги временски периоди, така што нивниот страв од авиони е всушност варијанта на клаустрофобија. Други се плашат да летаат ноќе, иако ноќе на пилотот му е полесно да ги види светлата на авионот.

Како да се победи стравот?

Без разлика дали се работи само за вознемиреност или соматски манифестации, стравот може да се надмине. Еве неколку совети како да ги надминете симптомите на страв:

– Чувството на задушување од моментот на затворање на вратата може да се избегне доколку се облечете во удобна облека која нема да ви го попречи дишењето. Не се грчете и не го стискајте потпирачот за рацете. Преземете ја контролата врз дишењето. Запомнете дека во исклучителен случај на пад на нивото на кислород, маските за кислород над вашата глава автоматски ќе се спуштат.

– Воздушната болест, како и морската болест, предизвикува чувство на гадење додека авионот поминува низ турбуленции. Покрај вообичаените лекови за морска болест, вдишувањата и издишувањата усогласете ги со спуштањето и кревањето на авионот.

– Сувото и иритирано грло може да се избегне со пиење повеќе течности, но избегнувајте алкохол и кафе, кои ги зголемуваат агресијата и стравот.

– Гадење и забрзано чукање на срцето нема да се појават ако понесете нешто за забава, како списание, книга или музика. Релаксирачката музика за време на полетувањето, наместо да го смири патникот, често има спротивен ефект.

– Не се обвинувајте себеси за тоа што се плашите. Ова е случај со повеќето патници. Доколку реално не можете да се доближите до аеродромот или и покрај сите напори не можете да стапнете во него, неопходно е да се консултирате со психолог. Тоа значи дека страдате од вистинска фобија која може да се излечи само со психотерапија.

Во секој случај, не се двоумете да побарате помош. Со соодветен третман ќе имате добри шанси за закрепнување. Би било штета да ги заобиколите дестинациите од вашите соништа.

Слични написи

Германските власти му враќаат на Израел 5000 документи што му припаѓале на Франц Кафка

Biba

Што се случува со автомобилските гуми кога ќе ги наполните со вода

Biba

Инвестирај во планетата Земја

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.