Здравје

Спиењето на мајката со бебето влијае позитивно на неговото здравје

 

Истражувања што биле спроведени на четири континенти ја открија поврзаноста на спиењето на мајката со бебето и намалувањето на стапката на изненадна смрт кај бебињата. Според нив, во културите каде спиењето на мајката со бебето е општо прифатена, стапката на изненадна смрт кај бебињата е драстично помала отколку во другите култури.

Во научниот свет постојат поделени ставови на оваа тема, заради ризикот од ненадејно загушување на бебето од страна на мајката од една страна и позитивното влијание во зајакнување на нивната меѓусебна поврзаност.

Истражувањето на д-р Нилс Бергман од Универзитетот во Кејптаун, спроведено на 16 новородени бебиња, покажало дека срцето на бебињата што спиеле сами било трипати повеќе под стрес отколку кај бебињата што спиеле заедно со мајките.

Контактот “кожа на кожа” е од исклучителна важност, бидејќи на бебињата им дава сигурност и утеха, затоа што мајката за бебето е единственото нешто што го познава.

Исто така, Бергман истакнува дека не смееме да работиме против родителските инстинкти, бидејќи така им штетиме и на мајките и на бебињата.

Заедничкото спиење на мајката со бебето драстично го сменило и подобрило родителството.

Во културите каде што оваа практика е општо признаена, смртноста на бебињата од т.н. ненадејна смрт е драстично помала од другите култури.

Така, во Јапонија смртноста кај бебињата е 2,8 бебиња на 1000, додека во САД е 6,2 бебиња на 1000.

Слични написи

Големите епидемии низ времињата што убија милиони луѓе

Biba

Колку е безбедно да имате секс додека сте болни од грип

Biba

Сонцето и лековите не се секогаш добра комбинација

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.