Убавина

Совети од дерматолозите за убава кожа кои најверојатно не ги почитувате

 

Во денешно време сите некаде брзме и ни останува многу малку време кое можеме да го посветиме на нега на телото. Од друга страна, од козметичките препарати кои ни ветуваат сè и сешто очекуваме да ни ги одгатнат тајните за убава и здрава кожа. Но прашање е колку можат тие препарати да направат за нас и да бидат ефикасни, ако претходно не сме исполниле некои предуслови.

Кои се тие услови и навики што ни ги советуваат дерматолозите, а со чија помош, заедно со правилната нега, можеме да постигнеме оптимален изглед и здравје на кожата?

Сфатете го сериозно сонот за убавина (beauty sleep)

Често читаме за сонот за убавина после кој се будиме препородени а нашата кожа станува поубава. Од една страна, нереално е да очекуваме дека ако добро се наспиеме ќе се разбудиме со совршена кожа, но од друга страна, спиењето е и тоа како важно од причини кои се помалку очигледни. Додека спиеме кожата се обновува и тие часови се навистина од исклучително значење за нормално функционирање на кожата во текот на денот. Освен тоа, нивото на хормоните на стрес додека спиеме опаѓа а нивото на хормоните одговорни за раст во телото се зголемува, создавајќи идеална средина за обновување на клетките.

Според некои, сонот за убавина треба да трае осум часа, но вие сами проценете колку време ви е потребно за да се разбудите одморени.

И се разбира, никако не заборавајте на најважното правило пред да си легнете – да ја извадите комплетно шминката од лицето!

Не го заборавајте заштитниот фактор

И покрај тоа што пролетните и летните месеци се ударни за рекламирање на креми за заштита од сонцето, заштитата од штетните УВ зраци ни е потребна во текот на целата година, дури и тогаш кога не се наоѓаме на плажа. Овие зраци продираат во кожата и за време на есента и зимата кога температурите се најчесто ниски а времето облачно. Не мора да го гледаме сонцето за да бидеме сигурни дека неговите зраци влијаат на нашата незаштитена кожа. Дерматолозите препорачуваат кожата да се заштитува секогаш и секаде. Сончевите зраци, во крајна линија, можат да предизвикаат рак на кожата, а на дневна основа влијаат на нејзиниот изглед и свежина. Ако не ја заштитиме кожата како што треба, таа забрзано го губи блескавиот младешки изглед.

Јадете намирници богати со антиоксиданти

Ако во организмот редовно внесуваме храна богата со антиоксиданти, кожата ќе ни заблагодари со својот здрав изглед. Антиоксидантите ја заштитуваат кожата од стареење, од загадувањата во атмосферата, од стрес и од многу други фактори кои се плодно тло за создавање на слободни радикали. Ако не знаете која храна е богата со антиоксиданти, внесувајте многу црвено и зелено овошје и зеленчук: патлиџан, блитва, брокула, малини, капини, јагоди, боровинки…

Намалете го внесот на шеќери

Ова е веројатно најтешкиот совет од дерматолозите кој треба да го почитуваме. Но, ако го намалите внесот на шеќери, ќе се намали и бројот на несаканите акни, мозолчиња и предвремените знаци за стареење на кожата. Тоа не значи дека треба сите шеќери да ги исфрлите од исхраната, туку само оние лошите кои се кријат во индустриски преработената храна и намирници.

Простите и рафинираните шеќери поттикнуваат воспалителни процеси во кожата и влијаат на нејзиното побрзо стареење, и ако вашата исхрана претежно се базира на ваков тип на исхрана ќе забележите дека вашата кожа е сива и безживотна, склона кон создавање на акни и мозолчиња.

 

Слични написи

Лејди Гага лансираше свој бренд на шминка

Biba

Тајните на добрата маскара

Biba

Навики заради кои изгледате постари отколку што сте

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.