Вести

Скопје Зоо има нов жител – белата лавица Бела

 

Од Ходенхаген, Германија, пристигна лавицата Бела, млада женка која припаѓа на видот бели лавови. За неколку дена, во Скопје ќе пристигне и белиот лав Чака од Амневил, Франција, со кој заедно ќе живеат во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби.  Белите лавови се еден од најзагрозените видови во светот, а во природата поради масовниот лов се доведени речиси до истребување.

„За првпат во Скопје, но и во нашата држава, ќе има бели лавови. Планираме да донесеме и бели тигри, како и други бели животни кои се доста ретки. Градот вложува, а Европа се залага што побргу нашата зоолошка да биде европска и што поубаво уредена за животните. Ние сакаме годинава да достигнеме максимална посетеност на Скопје Зоо“, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

 

 

Слични написи

Малите генијалци од натпреварот по ментална аритметика заминуваат на Олимпијада во Белград

Biba

Во Скопје Зоо ќе се одржи забава за крајот на училишната година со ЏП и Стефонатор

Biba

“Петрунија” продолжува да добива признанија низ целиот свет – освои уште една награда за најдобро сценарио

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.