Психологија

Сиромашните луѓе сочувствуваат повеќе отколку богатите

 

Едно научно истражување покажало дека богатите луѓе потешко ги препознаваат сигналите на луѓето кои ги погодиле тешки животни проблеми.

Припадниците на пониската социоекономска класа полесно го препознаваат страдањето и побрзо изразуваат сочувство отколку богатите луѓе, тврдат научниците од Универзитетот Беркли во Калифорнија.

Според нивното истражување, припадниците на високата средна и повисоките класи потешко препознаваат, а со тоа и помалку им помагаат на луѓето кои се во неволја. Резултатите покажуваат поврзаност помеѓу социоекономскиот статус и нивото на емпатија и сочувство кај луѓето кои се нашле очи в очи со емоционално набиена ситуација.

“Не се работи за тоа дека богатите се без срце, туку дека не се вешти во препознавањето на знаците и сигналите на страдањето, затоа што не се сретнале со многу препреки во животот”, вели Џенифер Стелар, социјален психолог и автор на истражувањето.

Ова ги демантира претходните истражувања кои тврдеа дека пониските класи, во моменти на проблеми се склони кон непријателство и нетрпеливост. Д-р Стелар вели дека нејзиното истражување покажало дека меѓу сиромашните луѓе постои култура на сочувство и соработка која произлегла од заканата за загрозување на нивната добросостојба.

“Припадниците на повисоката класа изгледаат повеќе егоцентрично затоа што пораснале со повеќе слобода и автономија. Тие повеќе се снаоѓаат во индивидуалистичка и конкурентска средина”, смета авторката на истражувањето.

Во истражувањето учествувале повеќе од 3000 волонтери од различни економски и етнички групи, а научниците ги оценувале нивните реакции на стресни ситуации дизајнирани да предизвикаат емоционална стимулација.

 

Слични написи

Навики на издржливите личности

Biba

Интересни факти за човечката психа кои се помалку познати

Biba

Наставничка од САД направи табла на која учениците можат да споделат како се чувствуваат

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.