Здравје

Силиконските импланти за гради можат да доведат до рак

Според најновите податоци што  ги објави Guardian, забележани се најмалку 615 случаи на лимфом во светот кои се поврзани со силиконските импланти.

Текстурните силиконски импланти вградени во милиони жени во светот, се под посебен надзор после советот даден од француските хирурзи дека овие импланти треба да се исфрлат од употреба поради можна поврзаност со посебни типови на рак.

Всушност, имплантите ги поврзуваат со анапластичен големоќелиски лимфом (ALCL) кој се формира околу лузните, а првите симптоми се болка и оток во пределот на градите.

Жените што ги отстраниле тие типови на импланти потполно закрепнале, но ако состојбата не се третира, лимфомот може да се рашири низ телото и станува опасен по живот.

Франција е држава во која дури 85% од вградените импланти се текстурни и хирурзите препорачале итно преоѓање на мазни импланти.

Во Англија се забележани 45 случаи поврзани со лимфома поради текстурните импланти.

Најверојатно, ситуацијата со имплантите во Франција ќе доведе до јавни расправи низ целиот свет.

Слични написи

Спиењето покрај вклучен вентилатор е лоша идеја

Biba

Откривање на Алцхајмерова болест со помош на вештачка интелигенција

Biba

Во кој дел од денот телото троши најмногу калории?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.