Забава

Село во Тајван е рај за љубителите на мачки

 

Хоутонг е село во Тајван кое некогаш било познато како една од најважните рударски заедници, денес е познато како селото на мачки.

Стотици мачки од најразлични видови слободно шетаат низ селото, а љубителите на мачки од целиот свет доаѓаат за да ги фотографираат, да ги хранат и да си играат со нив.

На почетокот на XX век Хоутонг било најголемото и технолошки најнапредното рударско место во Тајван, но кога електричната енергија го заменила јагленот како енергенс, илјадници работници останале без работа, и во потрага по храна и подобар живот го напуштиле.

Бројот на жители од 6000 се намалил на само неколку стотини и местото брзо било заборавено.

Но, целата ситуација се сменила во 2010 година кога еден фотограф – инаку голем љубител на мачки – го посетил местото, бил воодушевен од него и започнал блог за растечката популација на мачки во ова место. Набрзо Хоутонг станало рај за љубителите на мачки, кои станале извор на приход за локалните жители.

Тим од волонтери заедно со ветеринари се грижат мачките да бидат вакцинирани, стерилизирани, кастрирани и обележани со микрочипови, за да се води контрола над нивниот број. Иако поголемиот број на мачки во селото се улични и заради тоа диви, тие се навикнати на луѓе. Жителите на селото и туристите толку добро ги хранат, што се чини дека мачките редовно ја преспиваат вечерата.

Овие четвороножни жители на Хоутонг се зачудувачки мирни, и покрај тоа што туристи и посетители на селото постојано ги бркаат, се обидуваат да ги галат и ги сликаат со фотоапарати. Храна и бисквити за мачките се продаваат на повеќе места низ селото, но жителите не ги охрабруваат туристите да ги хранат, напротив, ако некој веќе не може да се воздржи, да ѝ даде на мачката најмногу 2-3 мали бисквити.

Низ селото има знаци на кои посетителите се молат да не ги хранат и задеваат мачките, да не ги фотографираат со користење на блиц, и да ги погалат само ако животното самото им пријде.

Секоја година Хоутонг го посетуваат милион туристи и љубители на мачки, а како благодарност жителите водат исклучителна грижа за мачките.

Тажната страна на целата приказна е што сопственици на мачки коишто не сакаат повеќе да се грижат за своите миленици, ги оставаат во Хоутонг за да се грижат за нив локалните жители.

Според податоците на дирекцијата за заштита на животни, во моментов во Хоутонг  има околу 286 мачки.

 

 

Слични написи

Најголемиот затворен водопад на светот

Biba

Нинтендо најави мобилна верзија на познатата игра од деведесеттите “Mario Kart”

admin

ВИНОСКОП 2023 – Фестивалот на виното по 13-ти пат во Скопје

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.