Здравје

Секојдневните прошетки се најдобри за губење на вишокот килограми

 

Прошетките како начин за губење на вишокот килограми најчесто ги потценуваме, иако претставуваат одличен начин за одржување на телесното здравје и ослободување од вишокот тежина.

Ако за 2019 година сте си поставиле агенда дека ќе почнете со интензивно вежбање во фитнес, можеби треба да размислите да започнете со помалку интензивни прошетки кои ќе прераснат во поинтензивни и кога телото ќе се прилагоди, тогаш впуштете се во интензивен тренинг во фитнес центар.

Ако долг период не вежбате редовно, тогаш лесен почеток на фитнес вежби ќе има подобар ефект на подолги патеки.

Многу од фитнес инструкторите препорачуваат започнување на дневни прошетки од 30 минути во траење од еден месец, пред да почнете да вежбате во вежбалници. Според експертите, дневните прошетки го инхибираат генот кој е заслужен за дебелеење за речиси 50 %. Исто така, за време на прошетката ќе согорите 200-300 калории, и сето ова искомбинирано со здрава исхрана ќе има одличен ефект.

Кога ќе почнете да пешачите и подолго од 30 минути дневно, ќе го забрзате метаболизмот и со тоа ќе добиете значително поголем ефект при губење на килограмите.

Најдобар период за прошетки е наутро пред појадок, бидејќи така телото побрзо ги топи маснотиите.

 

Слични написи

Мајките што дојат создаваат единствена храна за бебињата и имаат многу поздрави коски

Biba

Мажите би требало да ејакулираат 21 пат месечно за да се заштитат од рак на простата

Biba

Златен еликсир што го фрламе

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.