Љубов и секс

Редовното трчање го подобрува сексуалниот живот

Многумина од оние што започнале со активно трчање не можеле ни да претпостават дека трчањето позитивно ќе се одрази на нивниот сексуален живот. Меѓутоа, истражувањата на таа тема докажаа дека интензивните тренинзи драстично ги подобруваат сексуалните перформанси.

Врската помеѓу трчањето и сексот се гледа во неколку работи, а една од најзначајните се однесува на зголеменото лачење на хормонот ендорфин, одговорен за чувството на среќа кој ја зголемува самодовербата и создава позитивни чувства.

Зошто трчањето е добро за вашиот сексуален живот?

  • Ќе имате добар задник. Многумина сметаат дека лицето ја има клучната улога кога е во прашање сексуалната привлечност, но веднаш после лицето е задникот. Јасно е дека трчањето директно придонесува за создавање на добар задник.
  • Комбинација на секс и трчање. Пробајте при практикување на сексот да користите позиции што бараат повеќе труд како би согорувале повеќе калории. Самиот сексуален чин ќе ви послужи како одлична физичка вежба.
  • Тестостерон. Хормон кој има клучна улога во сексуалното здравје. Истражувања докажаа дека трчањето го зголемува нивото на тестостерон во телото, но прекумерното практикување на физичка активност знае и да го намали неговото ниво.
  • Самодоверба. Трчањето претставува клучна телесна вежба кога е во прашање слабеењето, па така тоа претставува директен услов за затегнување на телото а со тоа и поубаво да изгледате. Ја зголемува самодовербата.
  • Сексот е добар за слабеење. Како што е наведено погоре, при практикување на сексот доаѓа до согорување на вишок на калории во организмот. Поточно, сексуалниот однос во траење од 1 час може да согори 200 калории. Колку сте поактивни при сексуалниот однос, толку повеќе калории согорувате.
  • Тркачите се подобри во кревет. Може да се претпостави дека физички активните лица, посебно мажите, се значително подобри љубовници. Тркачите меѓу 40-60 години имаат исти сексуални перформанси како 20 годишните момчиња што не се физички активни.

Слични написи

Моќни реченици што сакаме да ги слушнеме повеќе од „те сакам“

dart

Совети за „првиот состанок“ со родителите на вашиот партнер

admin

Луѓето со повеќе сексуални партнери се помалку среќни во бракот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.