Љубов и секс

Работи кои не треба да ги правите пред или после водење љубов

Дури и искусните љубовници понекогаш можат да превидат некои работи кои можат да им ги нарушат уживањето. Затоа, бидете внимателни!

Еве што не треба да правите пред или по сексот:

1. Брзање во тоалет

Можеби сте слушнале или прочитале дека е добра идеја да уринирате веднаш по сексот, за да ја намалите можноста за уринарна инфекција, но малку урина нема да има никакво влијание на тоа, објаснува д-р Џенифер Бамп, професор по акушерство и гинекологија на Медицинскиот колеџ Бејлор во Хјустон. Подобро е да останете во кревет и да уживате во релаксацијата после задоволството, освен ако навистина не ви се брза.

2. Внимателно со алкохолот

Една чаша вино може да ви помогне да го подигнете расположението, но премногу алкохол лесно може да го намали вашето сексуално задоволство. Во студија на Универзитетот во Мисури, Св. Луис, 11 отсто од испитаниците склони кон алкохол признале дека имале проблем да постигнат оргазам.

Во споредба со луѓето кои не пиеле, мажите кои пиеле алкохол потешко ејакулирале, а на жените им била потребна поголема стимулација за да доживеат кулминација. Имено, алкохолот негативно влијае на делови од нашиот нервен систем кои се важни за возбудување и оргазам.

3. Лежење во оваа поза после секс

Ако не сакате да забремените, не ја кревајте карлицата по водење љубов, бидејќи тоа може да ја зголеми шансата за зачнување. Оваа поза им помага на сперматозоидите да стигнат до грлото на матката.

4. Нетуширање претходно – за мажи

Ако имате партнер кој не е обрежан, замолете го да се истушира ​​или барем да си ги измие гениталиите, особено делот зад кожичката, пред секс. Имено, таму може да се акумулираат бактерии кои предизвикуваат уринарна инфекција, советува гинекологот.

5. Јадење големи оброци пред секс

Избегнувајте големи количини здрава храна како што се зеленчук, мешунки, цели зрна. Ова може да доведе до формирање гасови за време на сексот. За да ги спречите непријатните ситуации избегнувајте таква храна и други намирници со многу растителни влакна, еден до два часа пред сексуалниот однос.

Подобар избор е малото парче чоколадо бидејќи го поттикнува производството на серотонин, хормонот одговорен за добро расположение.

6. Не сте ги исчистиле секс-играчките

Без соодветно чистење по секоја употреба, на нив може да се размножуваат микроорганизми кои предизвикуваат инфекции. За да се заштитите правилно, користете антибактериски марамчиња или спрејови.

7. Не користете лубрикант со ментол

Кај жените кои влегуваат во менопауза вагиналното ткиво се разредува, што доведува до зголемена чувствителност. Лубрикантите кои содржат ментол може да го иритираат ткивото на овие жени, затоа подобра опција се оние на база на вода, без ментол во нив.

Слични написи

Пет машки особини што ги привлекуваат жените

Biba

Најдобрите љубовници во хороскопот

dart

Откријте која поза е идеална за вашиот хороскопски знак

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.