Здравје

Работењето во смени е опасно за здравјето

 

Работењето во смени може драматично да го зголеми ризикот од срцеви и мозочни удари, предупредуваат стручњаците.

Студија во која учествувале над два милиони луѓе открива дека работниците кои работат во смени имаат 25 % повеќе шанси да се разболат, а најзагрозени се оние кои работат во ноќни смени.

Луѓето кои работат во смени се склони кон нездрави навики како што е јадење нездрава и неквалитетна храна, недоволно спиење и вежбање, а ова се фактори кои се поврзани со срцеви болести.

Оваа студија е до сега најголемо истражување кое ги поврзува работата во смени и кардиоваскуларните болести, мозочните удари и ангина пекторис.

Одамна е познато дека работењето во смени го нарушува природниот ритам на телото и се поврзува со висок крвен притисок, зголемено ниво на холестерол во крвта и дијабетес, но целосното влијание врз кардиоваскуларното здравје до сега беше нејасно.

Интернационален тим од истражувачи анализирал резултати од 34 студии во кои биле вклучени повеќе од два милиони луѓе. Повеќето од оние кои работеле во ноќни смени, немале јасно одреден распоред на работа, се менувале во повеќе смени и ротирале со смените, имале некаква коронарна болест или преживеале инфаркт. Во истражувањето, за споредба, учествувале и луѓе кои работеле само во дневни смени.

Најзагрозени се оние кои работат во ноќни смени, кај нив ризикот да добијат некоја болест на срцето е поголем за дури 41 %.

 

Слични написи

Поставен нов рекорд за породување по природен пат

admin

Дуплирајте ја брзината на слабеење со водење на дневник на исхрана

Biba

Доењето може да го намали струкот на жената

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.