Гастрономија

Проја со праз и сончоглед

 

Потребни состојки:

2 јајца

2 чаши јогурт

1/2 чаша масло

1/2 чаша вода

1 прашок за печиво

1 чаша бело брашно

2 чаши пченкарно брашно

1 страк ситно исечкан праз

2-3 лажици лупен непечен сончоглед

сол и сусам по вкус

Начин на подготовка:

  1. Во сад за матење со миксер изматете ги јајцата и солта, да добиете густа и пенеста смеса.
  2. Намалете го миксерот на најниска брзина и едно по едно додавајте ги јогуртот, маслото, водата, прашокот за печиво и брашното. Мешајте додека да добиете еднолична конзистенција.
  3. Додајте ги празот и сончогледот и измешајте. Смесата истурете ја во намастено и набрашнето тавче, одозгора наросете сусам и печете на температура од 200 степени Целзиусови додека пројата да добие златнокафеава боја или пробата со чепкалка да покаже дека е испечена.
  4. Сервирајте ја топла со јогурт, кисело млеко или павлака.

На здравје!

 

Слични написи

Топла салата од компири, боранија и кромид

Biba

Пуканки со карамел

Biba

Печени пилешки гради со песто од босилек

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.