Гастрономија

Протеинско ледено кафе од три состојки

 

Протеински шејкови и кафе се два производа кои повеќето вежбачи ги обожуваат. Кафето е одличен избор бидејќи ја подига енергијата, додека пак протеинските шејкови ќе ги нахранат мускулите после напорен тренинг. Поврзете ги во еден ладен и вкусен напиток кој ќе ве освежи.

Подготвувањето на овој напиток е многу едноставно, а потребни ви се само 3 состојки.

Состојки:

30 г сурутка од ванила

300 мл млеко (кокосово, бадемово..)

кафе

Начин на подготвување:

  1. Сварете го кафето, оставете го малку да се олади, па сипете го во калапи за замрзнување и ставете го замрзнувач. Ви препорачуваме да направите повеќе замрзнати коцки за да ви бидат при рака за следните неколку дена.
  2. Во шејкер промешајте ги сурутката и млекото. Пожелно е млекото да биде на собна температура, за замрзнатите коцки да се стопат побрзо.
  3. Ставете ги замрзнатите коцки со кафе во млекото, промешајте, и вашето ледено кафе е готово.
  4. По желба може да додадете чоколаден сируп без калории.

На здравје!

 

Слични написи

Малку поинаква салата со марула

Biba

Похувани компири

Biba

Кафе со чоколадо и слатка павлака

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.