Здравје

Пробиотиците заштитуваат од алергии, грип и непријатен здив

 

Добро познат факт е дека пробиотиците кои ги има во јогуртот, киселата зелка, кефирот, комбухата, киселите краставички, се добри за дигестивниот систем. Но, нови истражувања тврдат дека овие добри бактерии се корисни и за лечење на многу болести и здравствени проблеми. Научниците развиваат посебен вид пробиотици кои би требало да го спречат уништувањето на забите, црвеното грло или непријатниот телесен мирис.

Водечката британска нутриционистка Кетрин Марсден, во својата книга “Good gut bugs” (“Добрите бубачки во цревата”) пишува за најновите сознанија за користењето на пробиотици во лекувањето на многу болести.

Непријатен здив

Лошиот здив од устата може да биде предизвикан од расипани заби, нездраво непце, лошо варење на храната, бактерии во устата и низа други болести. Сепак, најголем проблем се бактериите во устата кои константно се хранат со јадењето кое го внесувате во себе.

Во тоа можат да ви помогнат пробиотиците кои ќе го регулираат размножувањето на проблематичните бактерии. Редовното земање пробиотици уште во детството значи дека лицето во возрасната доба ќе има помалку проблеми со забите, орални инфекции и лош здив.

Констипација (запек)

Нарушената рамнотежа на бактериите во цревата е причина за опстипација или запек – знак дека во цревата немате доволно добри, корисни бактерии. Решение за овој проблем е да ја подобрите исхраната. Треба да земате доволно растителни влакна (ги има во овошјето, зеленчукот, семките и јаткастото овошје), да пиете многу вода, чај и да јадете домашни супи. И се разбира, многу можат да ви помогнат пробиотиците – докажано е дека пробиотските бактерии спречуваат запек.

Алергии

Алергиите се поврзани со бактериите, а стручњаците велат дека луѓето кои страдаат од алергии имаат ниски нивоа на здрави бактерии во цревата. Затоа, и во овој случај можат да помогнат пробиотиците. Ако имате алергии, секој ден напијте се некаков пробиотски напиток. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои во исхраната вклучуваат ферментирано млеко поотпорни се на полен и имаат повеќе IGG антитела во крвта кои заштитуваат од алергиски реакции.

Настинка и грип

Пробиотиците се одлични за јакнење на имунитетот и борбата против инфекциите, а истражувањата покажуваат дека луѓето кои консумираат пробиотици помалку боледуваат од настинки и грип.

 

Слични написи

Каква корист имаме од летното овошје

Biba

Децата на мајките кои консумирале канабис може да бидат анксиозни, агресивни и хиперактивни

dart

Испрекинатиот сон го зголемува ризикот од дијабетес

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.