Здравје

Причини заради кои се будиме уморни и без енергија

Сте си легнале на време, убаво сте спиеле, а сепак утрото се будите уморни и исцрпени. Недоволното спиење не е единствената причина за уморот.

Кои други причини можат да влијаат на квалитетниот сон?

Навечер пиете алкохол

Како што се скратуваат деновите а ноќите стануваат поладни, тешко можеме да одолееме на чаша добро црно вино со вечерата. Меѓутоа виното, колку што ни прави услуга додека сме будни, толку ни прави штета додека спиеме. Според научниците, алкохолот ја скратува РЕМ фазата на спиењето (длабокото спиење во кое сонуваме), а ја продолжува фазата на лесен сон. Некој кој спиел 8-9 часа под дејство на алкохол утрото ќе се чувствува уморен и мамурен како да спиел многу кратко и многу лошо.

Сте пиеле лекови

И во овој случај важи истото како и за алкохолот. Некои лекови можеби ќе ви помогнат побрзо да се опуштите и да заспиете, но изутрина ќе се чувствувате исцрпено. Тие лекови го нарушуваат природниот ритам на сонот и нè исфрлаат од рамнотежа, во најлош случај – целиот следен ден.

Спалната соба е премногу светла

Можеби ќе се изненадите, но вистина е: колку одморено ќе се чувствуваме утрото зависи од тоа колку е темно во вашата спална соба. Премногу светло во собата може да влијае на РЕМ фазата од сонот така што таа трае премногу кратко, па утрото да се чувствувате уморни и исцрпени. Затоа на прозорите навлечете дебели завеси или ролетни, и исклучете ги сите светла што можат да ви го попречат сонот (светилки, телевизор, компјутер и сл.)

Вежбате непосредно пред легнување

Пред спиење сте отишле да трчате или сте вежбале за убаво да се изморите и полесно да заспиете? Всушност, тоа е добра идеја, но вашето тело нема да се сложи со тоа. И покрај тоа што после интензивното спортување се чувствувате уморни, на вашето тело му треба подолго време да се смири од напорот и активноста на која било изложено.

Гледате телевизија пред спиење

Многу од нас напорниот ден го завршуваат пред телевизор или компјутер за да ги свртат мислите од секојдневниот стрес, работата, грижите и проблемите. Меѓутоа, ако екраните се наоѓаат во спалната соба, телото ќе се чувствува будно. Можеби дури и брзо ќе заспиете пред омилената серија, но телото нема да се одмори. Тргнете го телевизорот, компјутерот (и мобилниот телефон) од спалната соба, и таа просторија користете ја исклучиво за спиење.

Слични написи

Дали вашето дете треба да расте со милениче

Biba

Навиките за пиење алкохол на мајките, се пренесуваат на нивните деца

Biba

Може ли со сода бикарбона да се излекува уринарна инфекција?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.