Сцена

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на Чарлс без Меган Маркл

По неколку недели шпекулации, потврдено е дека принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, но без Меган Маркл.

„Бакингемската палата со задоволство потврдува дека војводата од Сасекс ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето во Вестминстерската опатија на 6 мај“, рече портпаролот на палатата.

 

Ова ќе биде прва средба на Хари со членовите на кралското семејство по објавувањето на неговите мемоари „Spare“ во јануари.

„Војвотката од Сасекс ќе остане во Калифорнија со принцот Арчи и принцезата Лилибет“, изјавија тие.

Одлуката е донесена откако Хари испрати листа со прашања до Бакингемската палата, вклучувајќи прашања за тоа каде да седи и осигурувањето што ќе го има.

Се верува дека Хари престојува во Фрогмор Котиџ, неговиот дом во Виндзор, за последен пат, бидејќи Чарлс побара од него и Маркл да се иселат.

Слични написи

Мет Гала во Њујорк донесе несекојдневни креации

admin

Сексапилот на Џенифер Лопез нема граници

Biba

Се подготвува нов филм за Боб Дилан

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.