Гастрономија

Похувани компири

 

Состојки:

200 гр компири

2 јајца

2-3 лажици млеко

1/2 лажичка сол

200 г лебни трошки

масло за пржење

зачини по желба (босилек, рузмарин)

Подготовка:

  1. Излупете ги компирите и исечете ги на тркалца со дебелина од 1 см. Јајцата, млекото и солта изматете ги со виљушка во еден сад. Во оваа смеса може да ставите зачини по желба.
  2. Секое тркалце компир извалкајте го прво во лебните трошки, потоа во смесата со јајца, па уште еднаш во лебните трошки, и пржете ги во подлабоко тавче со загреано масло. Компирите треба да се пржат неколку минути, додека да добијат златножолта боја (да не бидат живи од внатре).
  3. Испржените компири ставајте ги на парче хартија кое ќе го впие вишокот масло. Сервирајте ги додека се топли.

На здравје!

 

Слични написи

Енергетски плочки од житарки и суво овошје

Biba

Батерскоч карамели

Biba

Најбрзиот намаз од лук

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.