Спорт

После 12 години во Баерн, Рибери заминува

 

Крилниот фудбалер на Баерн Франк Рибери, после 12 години поминати во клубот реши да замине на крајот од сезоната.

Рибери го напушта клубот со кој освои 20 трофеи и се докажа како најопасниот крилен фудбалер на светот. Во 422 натпревари, Рибери постигна 123 голови.

Во интервју за официјалната страна на клубот, Рибери ги откри своите планови за заминување.

“Во Баерн бев 12 години, тоа беше убав период за мене и за моето семејство. Тука сум уште 3 недели и не сакам да размислувам што ќе се случува после тоа. Сакам да продолжам да доаѓам на теренот и да се дружам и уживам со соиграчите. Немам конкретни планови за следната сезона, не сум сигурен каде ќе играм, но ќе ја продолжам кариерата”, изјави Рибери.

Со Баерн, Рибери има шанса да освои уште 2 трофеја оваа сезона: титулата првак на Бундеслигата и DFB купот.

 

Слични написи

Новак Ѓоковиќ по третпат го освои US Open

Biba

Во Доха официјално е претставено логото на Светското првенство во фудбал Катар 2020

Biba

Испадите на Мурињо немаат граници

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.