Љубов и секс

Порнографија наспроти вистински секс

Често по форумите сретнуваме прашања од типот: зошто жените не можат да се наговорат лесно за анален секс кога во порнофилмовите тоа е нормално и едноставно?

Ова е еден од многуте погрешни впечатоци за сексот што ги добиваме гледајќи филмови со порнографска содржина.

Иако се забранети за лица помали од 18 години, на прсти може да се избројат момчиња и девојки кои пред полнолетството не изгледале барем еден филм со таква содржина. И додека кај момчињата таквите филмови предизвикуваат задоволство, кај девојките неретко предизвикуваат гадење и незадоволство. Причината е едноставна: во порнофилмовите жените се третираат како секс објекти, а мажите како машини. Заради тоа, младите кои своето сексуално образование го земаат од филмовите, имаат потполно погрешна перцепција за сексот.

Разлики помеѓу сексот во порнофилмовите и сексот во реалниот живот.

  • Физичкиот изглед. Повеќе од јасно е дека актерите во порнофилмовите се претставници на стереотипи. Тие се тука за да оживеат нечија сексуална фантазија. Најголемиот дел од нас не изгледа ни приближно така како што изгледаат глумците во тие филмови. Не сме нашминкани, набилдани, перфектно осветлени.
  • Бразилска депилација. За сите оние што не им е познат изразот бразилска депилација, еве мало појаснување. Тоа е депилација со која се симнуваат комплетно сите влакненца од гениталното подрачје. Иако можеби изгледа привлечно, постои и втора страна од медалот: за да се постигне тоа, жената треба да истрпи екстремна болка. Покрај тоа, се јавува и проблем со сувост на вагината. Иако звучи чудно, влакненцата од гениталната зона имаат големо влијание и претставуваат регулатор на влажноста на вагината. Треба да се знае дека доколку жената има направено бразилска депилација, можеби ќе треба да се користи подолга предигра за да се добие и задржи влажноста.
  • Маратонци. Во порнофилмовите сексот трае маратонски, нема предигра. Доколку ова го споредиме со секојдневниот секс, стекнуваме впечаток дека нашиот е прекраток и се разочаруваме. Сцените со секс кои во филмовите се маратонски се снимаат на неколку пати, траат за да го постигнат ефектот што го замислил кинематографот – исполнување на сексуалните фантазии на човекот. Под нормални услови, должината на сексот не секогаш го дава и посакуваниот ефект. Предолго еднолично пенетрирање доведува до монотонија и губење на интересот кај жената.
  • Акробати и атлети. Порноглумците се јаки и издржливи, а актерките можат на чевли со потпетици од 10 сантиметри да прават разни акробации за време на сексот. При тоа максимално уживаат. Сето тоа е само во светот на филмот. Не се сите мажи билдери и не се сите жени акробати. Всушност, многу малку од нив се тоа. Научнофантастичните пози од филмовите баш не се применливи и дома.
  • Анален секс. Ако се присетиме на реченицата од почетокот на написот за тоа зошто жените не може лесно да се наговорат на анален секс, ќе мора да дадеме неколку објаснувања зашто е тоа така. Аналниот секс во филмовите се случува со многу подготовки пред снимање на сцената и многу лубриканти. Затоа изгледа дека тоа е така едноставно и пенетрацијата е проста, безболна и брза. Во сексот во домашни услови тоа баш и не е така. Аналниот секс може да биде многу болен и да го уништи уживањето, а да не спомнуваме и дека може да доведе до оштетување на дебелото црево.

Како заклучок, само ќе кажеме да го практикувате сексот во домашни услови онака како што ви причинува задоволство без да предизвика непријатност и болка. Порнофилмовите користете ги за забава и можеби како предигра.

Слични написи

Проблем број еден во секоја врска

Biba

Причини зошто треба да мастурбирате заедно со партнерот

Biba

Откријте која поза е идеална за вашиот хороскопски знак

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.