Патуваме

Помалку познати места во Италија и нивните скриени тајни

 

Најголемиот дел од туристите што минуваат низ Италија се решаваат за посета на познатите градови како Рим, Венеција, Милано или Фиренца. Но, Италија е земја која е преполна со мали места богати со историја кои дефинитивно вреди да се посетат.

Една од поголемите тајни на Италија е Матера, град сместен на југот на земјата, во истоимената покраина во регионот Базиликата. Европската комисија го прогласи Матера за овогодишна престолнина на културата. Бројните знаменитости и прекрасната природна околина се причина за посета на ова убаво место.

Тим на експерти на Lonely Planet го избра регионот Пиједмонт за најдобра област во светот што треба да се посети во 2019 година. Областа се наоѓа на северозападот на Италија, се граничи со Швајцарија и Франција, има неколку скијачки места и прекрасен поглед на Алпите. Преполн е со културни, природни и историски знаменитости и претставува скапоцен камен во туристичката понуда.

Пуљиа е регион во југоисточна Италија преполн со средновековни тврдини и градови. Познат е по древните традиции и преубавото чисто море, вкусна кујна и прекрасно вино.

Необичен град кој вреди да се посети е и Палермо, Сицилија. Тоа е град полн со историја и природни убавини.

 

Слични написи

Mали европски градови кои мора да ги посетите

Biba

Сејшелите, бисери во Индискиот Океан

dart

Италијански градови кои се најубави во пролет

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.