Психологија

Подигнете го нивото на емоционална енергија

 

Ако се чувствувате исцрпено, можеби не сте преморени психички, туку емоционално. Дозволувајќи им на другите да ве газат или со правење работи кои не ве радуваат ја трошите својата емоционална енергија, што може да ве демотивира и психички да ве премори.

Следуваат неколку совети како да го подигнете нивото на емоционална енергија.

  • Престанете да им удоволувате на другите луѓе

Не прифаќајте други да ви го кројат животот. Ако на вашите родители не им се допаѓа вашиот партнер, немојте да си ја уништите врската заради тоа; aко сакате да се преселите – направете го тоа, без оглед што пријателите ќе се обидат да ви наметнат чувство на вина заради далечината; слободно кажете ‘не’ ако некој од вас бара да направите нешто што не го сакате… Не си ја трошете енергијата обидувајќи се да ги исполните туѓите очекувања. Ќе бидете многу послободни ако не се грижите што ќе речат вашите родители, пријателите или соседите за вашите одлуки.

  • Вклучете позитивни личности во вашиот живот

Опкружете се со луѓе кои ве поддржуваат и кои се грижат за вас, дури и во лошите периоди од вашиот живот. Избегнувајте ги оние кои постојано се жалат, приговараат и ве малтретираат со своите проблеми. Тие ќе ви ја исцицаат животната енергија, за разлика од луѓето кои ве инспирираат и ви го подигнуваат расположението и самодовербата. Размислете двапати за вашите таканаречени пријатели кои ве бараат само кога им е потребна помош.

  • Секогаш планирајте нешто ново и крупно

Почнете да го планирате следниот годишен одмор; започнете со тренирање за маратон; запишете се на факултет; научете нов јазик или обновете го јазикот кој сте го подзаборавиле; напишете книга со поезија… Животните пресвртници и радувањето го стимулираат човекот. Ви даваат причина да станете наутро и ја зајакнуваат желбата да ги остварите вашите цели. Штом се активирате и почнете да работите на исполнување на некоја цел, веднаш ќе се чувствувате подобро и ќе бидете возбудени да истраете во остварувањето на вашата цел.

  • Немојте да живеете во минатото

Престанете со размислувања што би се случило ако останевте со бившиот/бившата; што би се случило ако останевте на старото работно место… Наместо да се заморувате со вакви размислувања, фокусирајте се на она што се случува сега и тука. Зачинете го вашиот живот со авантура, сменете ја работата, најдете нов партнер, отпатувајте некаде. Само вие сте одговорни за сè што ви се случува во животот и, и покрај тоа што не може сè да се предвиди, сепак можете да го земете кормилото во свои раце и да ги остварите своите сништа. Кариерата, врските, слободното време… сето тоа е под ваша контрола и само вие можете да управувате со вашата судбина.

Слични написи

Дали решавањето проблеми може да го одложи менталното пропаѓање во староста?

Biba

Песимистите слабеат побрзо

Biba

Дали сте зависни од вашиот мобилен телефон?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.