Технологија

Поглед во иднината на мобилните телефони

Nubia Alpha е мешавина помеѓу телефон и часовник кој доаѓа со флексибилен OLED екран. Прототипот ги има вообичаените функционалности, и иако карактеристиките не се официјално дадени уредот се очекува да се појави на пазарот до крајот на годината.

Телефоните во блиска иднина би можеле да ги носиме околу зглобот, а кинеската компанија Nubia на саемот IFA го покажа прототипот на својот мешанец меѓу мобилен телефон и часовник.

Nubia Alpha е уред кој доаѓа со андроид и флексибилен OLED екран, опкружен со метален каиш. Се работи за уред кој сè уште се развива, но компанијата која изникна од ZTE е сигурна дека до крајот на годината би можел да се продава во Кина, заедно со глобалното лансирање кое би требало да е во истиот период.

Поради тоа што е андроид уред, ги има сите функционалности, но прилагодени на екранот кој што го поседува. Од компанијата изјавуваат дека е лесен и поднослив на рака. Цената на уредот би требало да е во ниво со стандардните мобилни телефони.

Слични написи

Ќе се укинe ли зимското и летното сметање на времето

admin

Huawei Mate X доаѓа со нов чипсет и нови сензори на камерите

Biba

Скафандерите на НАСА се преголеми за женскиот тандем што требаше да оди на вселенска прошетка

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.