Убавина

Пластична хирургија без употреба на скалпел и без лузни

 

Традиционалната хирургија со сечење ги преобликува носот и ушите, постапки што се често пати проследени со долго опоравување и трајни лузни. Новата медицинска процедура ветува дека наскоро ќе замени некои од болните и инвазивни операции со нова, револуционерна метода.

Стручњаците за пластична хирургија откриле дека со користење на електрична струја и 3Д калапи можат да ја свиткаат и преобликуваат ‘рскавицата без користење на хируршки нож и скалпел. Тоа би можело значајно да го скрати времето на опоравување по одредени хируршки интервенции.

Во истражувањето кое го објавило Американското хемиско здружение, се вели дека ‘рскавицата може да се превитка ако се изложи на електрична струја. Ако свитливата ‘рскавица се држи на место додека се стврднува, оваа техника може да се користи наместо хируршка операција за преобликување на носот, ушите и други зафати, без користење на скалпел.

Научниците до ова откритие дошле сосема случајно. Имено, Брајан Вонг, хирург од Универзитетот на Калифорнија, барајќи помалку инвазивен начин за преобликување на ‘рскавицата – ја загревал со инфрацрвени ласери за да ја направи поеластична. Овој пристап бил успешен, меѓутоа бил прескап и често оштетувал или уништувал дел од ткивото. Потоа се обидел истото да го направи со користење на струја, што се покажало како поуспешно.

“Оваа техника во иднина ја гледаме како евтина амбулантна процедура која се изведува со помош на локална анестезија. Целиот процес би траел околу пет минути”, изјави еден од учесниците во истражувањето”, д-р Мајкл Хил.

Научниците моментално се подготвуваат за лиценцирање на постапката, но веќе гледаат во иднината и во можноста за применување на оваа метода и на други ткива, на пример на тетивите, зглобовите или на рожницата при корекција на видот.

Одреден успех е забележан за време на тестирањето на постапката на животни, со преобликување на рожницата и тоа со кристење на 3Д печатени контактни леќи обоени со електроди и со употреба на струја за омекнување на рожницата.

‘Рскавицата како сврзно ткиво се наоѓа во ушите, носот, зглобовите, помеѓу прешлените, на краевите на ребрата и во бронхијалните цевки.

 

Слични написи

Лимонот како природна козметика

Biba

Во мода се враќаат фармерките со низок струк

Biba

Сите предности на кокосовото масло во служба на негата и убавината

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.