Гастрономија

Пире што можете да го подготвите еден ден порано

 

Потребни состојки:

2-2,5 кг компири, излупени и исечени на парчиња

250 г крем сирење

2 белки од јајце, изматени со виљушка

1 чаша павлака

2 лажички кромид во прав

1 лажичка сол

1/2 лажичка бибер

1 лажица стопен путер

Начин на подготовка:

  1. Компирите сварете ги, потоа исцедете ги од водата и ставете ги во голем сад. Додајте го крем сирењето и испасирајте го заедно со компирите.
  2. Потоа додајте ги белките, павлаката, кромидот во прав, солта и биберот. Измешајте сè да се изедначи со пирето од компири. Префрлете го пирето во сад за печење кој претходно сте го намастиле. Одозгора посипете го стопениот путер, покријте го садот и ставете го преку ноќ во фрижидер.
  3. Извадете го од фрижидер 30 минути пред печење. Рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови. Пирето печете го покриено околу 50 минути, потоа извадете го капакот и печете уште 5-10 минути. Послужете го самостојно или како гарнир за јадења со месо и зеленчук.

На здравје!

 

 

Слични написи

Вкусна и здрава крем супа од блитва

Biba

Освежителна лимонада со лубеница

Biba

Плескавици од стар леб

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.