Забава

Пет неверојатни потопени градови

За љубителите на екстремно нуркање има многу локации на планетата што вредат да се посетат.

Сепак можат да се издвојат пет од нив. Тоа се градови што со сплет на околности се нашле под вода.

  • Port Royal (Jamaica)

Озлогласен град од XVII век, центар на карипските пирати и на проституција. Обележан како најгрешниот град.

Репутацијата се задржала сè до 1692 кога Јамајка бил потресена од голем земјотрес од 7,5 степени според Рихтер, што довело до потонување на градот и неговите жители.

  • Yonaguni (Japan)

Вечната дилема за научниците дали подводниот споменик во близина на брегот на Јапонија е направен од природата или човекот во старо време.

Многу пати анализиран, неговите чисти и прави триаголни форми ја креираат дилемата за неговата природна или вештачка природа.

  • Dwarka (India)

За древниот град на Lord Krishna некогаш се сметало дека е само мит, но урнатините откриени во 2000 година го тврдат спротивното, дека сепак не било само мит туку вистинска индиска приказна. Се зборува дека Lord Krishna имал величенствен град составен од дури 70.000 палати од злато, сребро и различни вредни метали. Тоа бил просперитетен град, но потонал во морето. Урнатините се наоѓаат на 131 метар под површината на океанот, под градот Dwarka, еден од седумте најстари градови во Индија.

  • Lion city (China)

Наречен е најспектакуларниот подводен град на светот. Со големина од шеесет и две фудбалски игралишта секако дека си го оправдува називот. Го карактеризира огромниот број на статуи кои се потопени во педесеттите години од минатиот век.

  • The lost palace of Cleopatra (Egypt)

Се наоѓа покрај брегот на Александрија. Се верува дека палатата завршила под морето многу одамна поради голем земјотрес. Откриени се повеќе од 140 артефакти за кои научниците веруваат дека ѝ припаѓале на Клеопатра.

Слични написи

Значењето на Велипеток за христијанството

Biba

Официјалната опрема на олимпијците од Јапонија ќе биде изработена од рециклирана облека

Biba

Вулканскиот туризам може да биде многу опасен

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.