Вести

“Петрунија” ќе се прикажува на седум фестивали во месец јуни

“Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска, продолжува да го освојува светот. Најпрво, за одличните резултати од француската и швајцарската кинодистрибуција. Проследен со одлични критики и оцени од публиката во Франција, филмот досега го видоа 32 000 луѓе, влегува во неверојатна седма недела на дистрибуција и ќе се прикажува во 56 кино сали.

Во текот на летните месеци промоцијата на филмот низ светот се одвива во силен ритам собирајќи нови признанија, од селекција на престижни фестивали, до ексклузивни прикажувања и започнување на кинодистрибуција во многу земји. Во месец јуни “Петрунија” патува на седум фестивали нив целиот свет. Започнувајќи со проекција на Кино Изола во Словенија, кое беше пропратено со предавање од копродуцентот Данијел Хочевар за начинот на кој е создаден филмот во копродукција со пет земји. Исто така, костимографот Моника Ломбер одржа мастер клас за филмски костим.

Од Изола, “Петрунија” продолжува во Арт филмскиот фестивал во Словачка, од 14-22 јуни https://www.artfilmfest.sk/. На престижниот Сиднеј филмскиот фестивал, заедно со тамошниот австралиски дистрибутер (Palace), ќе биде прикажан на 14 и 15 јуни во исклучителната главна конкуренција, заедно со мајсторите на денешната кинематографија како што се најновиот филм на Алмодовар и Канскиот победник “Паразит”. Во исто време, Митевска на фестивалот ќе биде дел од жирито за краткометражен филм.

На 29 јуни, филмот ќе биде прикажан на Единбург филмскиот фестивал https://www.edfilmfest.org.uk/whats-on keywords=God+exists+her+name+is+Petrunya&type=All&strand=All&venue=. Потоа Петрунија патува на Интернационалниот филмски фестивал во Брисел, каде што ќе биде прикажан на 28 и 29 јуни во главна конкуренција и потоа во јули и август започнува кинодистрибуција во Белгија, https://briff.be/en/films/program/competitions/international-competition.

Во јуни “Петрунија” ќе биде прикажан на уште еден фестивал во Германија, овој пат во Манхајм, Schillertage Mannheim, од каде што дистрибутерот (JIP filmverley) ја подготвува кинодистрибуцијата во оваа земја за есен.

Овој месец “Петрунија” ќе биде и дел од најголемиот, 21 по ред студентски фестивал во светот, во Тел Авив. Теона Стругар Митевска е поканета од фестивалот да одржи мастер клас на филмските студенти во Израел и во нејзина чест тие прават и ретроспектива на нејзините филмови, најавувајќи ја како “авангарден филмски творец и централна фигура во надоаѓачкиот постјугословенски нов бран”. Меѓу останатите филмски дејци кои одржале мастер класови на овој фестивал во минатото се и Тарантино, Ханеке, браќата Дарден, Алмодовар.  https://www.jff.org.il

 

Слични написи

Детски Зоо маскенбал во скопската Зоолошка градина

Biba

Општата болница во Гостивар доби свое Роса школо за родителство

Biba

Комплетна програма за летниот фестивал „Summerland” што се одржува во Градскиот парк

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.