Технологија

Патот на Марс може да ги убие астронаутите

Иако навидум едноставно и интересно, патувањето во вселената не е ни малку наивно и безопасно. Можеби делува како обично туристичко разгледување, сепак за него е потребна долга подготовка на лицата кои ќе патуваат во вселената. На списокот на опасности можеме да го додадеме и последното истражување на влијанието на долгите патувања во вселената врз дигестивниот систем. Некои од претходните истражувања наведуваат како долготрајната изложеност во вселената може да доведе до оштетување на мозокот и прерано стареење.

Со моменталната технологија која се користи за заштита во вселената, астронаутите би било тешко да се заштитат од штетните зрачења на кои ќе бидат изложени при долгите патувања кон Марс. Сè уште не е измислено средство кое би им го олеснило патувањето и нус појавите што би се појавиле при долгите вселенски патувања.

Патувањата што се спроведуваат кон Месечината во никој случај не може да ги споредиме со патувањата кон Марс.

Дигестивниот систем кај човекот константно се обновува. Клетките во горните слоеви се обновуваат на секоои 3-5 дена.

” Било какво поместување на принципот на регенерација кај дигестивниот систем може да доведе до неисправно функционирање и нарушување на физиолошките процеси како што е апсорпцијата на хранливи материи, и да стартуваат патолошки процеси како што е создавање на тумори”, изјави Алберт Форнас Џуниор, директор на специјалистичкиот центар за истражување на НАСА.

Во истражувачкиот центар продолжуваат со испитувања на влијанието на вселената и врз другите витални делови од човековото тело.

Слични написи

SpaceX го носи првиот патник на пат околу месечината

admin

Дубаи со технолошки новитети од научно-фантастичните филмови

admin

Huawei Mate X доаѓа со нов чипсет и нови сензори на камерите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.