Здравје

Осум намирници кои ќе ви помогнат побрзо да заспиете

 

Ако имате потешкотии со потонувањето во сон, решението можеби лежи во правењето едноставни промени во исхраната. За почеток, додавањето на намирници богати со магнезиум и мелатонин можат да ви помогнат на природен начин да се почувствувате уморно и полесно да заспиете. Следува листа на прехранбени производи со чија помош полесно ќе потонете во сон.

  • Ореви. Оревите содржат висока концентрација на мелатонин, хормон кој го подобрува циркадијарниот ритам (внатрешниот часовник на телото), оптимизирајќи ја будноста во текот на денот и сонливоста во текот на ноќта. Јадењето храна богата со овој хормон директно го зголемува нивото на мелатонин во крвта, помагајќи ви да се чувствувате релаксирано. За најоптимален ефект, овој тип на храна (цреши, мисиркино месо, овес, ореви) треба да се консумира два часа пред легнување.
  • Маслинки. Храната богата со здрави масти како што се маслинките, јаткастото овошје и авокадото, се одлична вечерна ужинка со која подолго ќе се осеќате сити и ќе помогне во стабилизирањето на нивото на шеќер во крвта. Консумирањето на здрави масти пред спиење ќе ја намали веројатноста да се разбудите во текот на ноќта гладни.

  • Лосос. Лососот, исто како и маслинките, е богат со здрави масти кои обезбедуваат спиење кое ќе ве одмори. Освен тоа, лососот содржи и мелатонин и триптофан, аминокиселина која го удвојува ефектот на заспивање. Триптофанот испраќа сигнал до телото дека е време да се релаксира, опушти и смири.
  • Пуканки. Пуканките се комплексни јаглени хидрати кои ќе го подигнат нивото на серотонин, кој ќе ви помогне да се чувствувате смирено и сонливо. Само внимавајте да не изедете премногу и да отидете на спиење со полн стомак, заради тоа што на сложените јаглени хидрати им треба повеќе време да се сварат, па ќе предизвикате спротивен ефект.

  • Семки од сончоглед. Сончогледот содржи седум грама комплексни јаглени хидрати, седум грама протеини и е одличен извор на магнезиум – кој игра улога во квалитетот на спиењето. Магнезиумот често се смета како минерал за релаксација. Не само што придонесува телото целосно да се опушти, туку и спречува грчеви во мускулите и главоболки, кои можат да бидат пречка за заспивање или да предизвикаат често будење во текот на ноќта. Освен сончогледот, со магнезиум е богат и зелениот листет зеленчук (спанаќ, зелка, кељ, марула, блитва).
  • Цреши. Благодарение на мелатонинот кој го содржат, црешите помагаат навечер да се поттикне сонливоста, а преку ден да ја одржите будноста. Ако сакате цреши со највисока доза на мелатонин, одберете горко-киселкасти.

  • Овес. Секојдневното јадење овес може да помогне во регулирањето на циклусот на спиење, затоа што содржи високи концентрации на мелатонин, триптофан и сложени јаглени хидрати.
  • Пилешко месо. Пилешкото месо содржи триптофан, кој мора да го внесеме преку исхраната, затоа што телото не може да го создаде само. Триптофанот се синтетизира во серотонин, кој повторно – е хемикалија која ќе ви помогне да се опуштите.

 

Слични написи

Продукти што го чистат телото од никотин

Biba

Здрави и безбедни начини кои ќе ви помогнат да ја зголемите телесната тежина

Biba

Колку вода ви треба во текот на денот?

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.