Психологија

Осаменоста го забрзува стареењето и го зголемува ризикот од срцеви болести

 

Според научници од Универзитетот Корнел во Њујорк, социјалната болка предизвикана од осаменоста создава промени во телото кои го имитираат процесот на стареење и го зголемуваат ризикот од срцеви болести. Промените во кардиоваскуларното функционирање се дел од нормалното стареење, но осаменоста го забрзува тој процес, велат истражувачите.

За да ги истражат ефектите од возраста и осаменоста врз кардиоваскуларното здравје, истражувачите вклучиле 182 испитаници. Од нив, 91 испитаник биле млади возрасни (имале меѓу 18-30 година) и 91 постари возрасни (на возраст од 65-80 години), кои во склоп на истражувањето имале задача да одржат говор и да изработат ментални аритметички активности во лабораториски услови. Индивидуалните разлики во перцепираната изолација (осаменост) била мерена пред исполнувањето на задачите, и им бил измерен крвниот притисок пред, за време и по завршувањето на зададените задачи.

Старите луѓе имале повисок крвен притисок и поголемо кардиоваскуларно оптоварување од младите, што било и очекувано. Најизненадувачко откритие за научниците било тоа што младите возрасни кои сметале дека се осамени, покажале кардиоваскуларен стрес еднаков како кај старите лица кои не се сметале себеси за осамени. Овој ефект бил уште поизразен кај старите осамени лица, што ги доведува во уште поголем ризик.

Иако некои претходни истражувања веќе пронашле врска меѓу осаменоста и кардиоваскуларните промени предизвикани од стрес, ова е прво истражување во кое можат да се споредат резултати од млади и од стари луѓе.

“Мислам дека е корисно да правиме разлика помеѓу емотивната болка која е поврзана со акутната осаменост, од похроничната вознемиреност предизвикана од лошиот квалитет на социјалните врски”, вели Антони Онг, професор на Универзитетот Корнел и водач на истражувањето.

“Гледано од оваа перспектива, акутната осаменост може да изгледа како адаптивна промена која сигнализира дека треба да ги поправиме социјалните врски. Меѓутоа, долготрајната осаменост со време може да создаде плодно тло за здравствени проблеми во подоцнежниот живот. Една од најважните пораки од ова истражување е потсетникот дека сите посакуваме и имаме потреба од значајни социјални врски”, додава Онг.

 

Слични написи

Стресот за време на детството може да доведе до оштетување на мозокот

Biba

Сиромашните луѓе сочувствуваат повеќе отколку богатите

Biba

Експерт советува десет правила за успешна комуникација

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.