Гастрономија

Оригиналиот рецепт за грав од ЈНА, точен до грам

Обидете се да сварите грав според оригиналниот рецепт од ЈНА. Сите мерки се точни во грамови, состојките добро познати, така што нема простор за грешки.

Единственото нешто што може да ви привлече внимание е говедското месо, наместо она што сме навикнати да го гледаме во гравот, како што се суво свинско месо или колбаси. Се разбира, вие ставете го она што најмногу ви се допаѓа.

 

Потребни состојки (за едно лице):

120 г сув грав

8 г брашно

25 г црвен кромид

1 г лук

10 г моркови

3 г концентрат од домати

100 г говедско месо

20 г маст или масло

0,3 г пиперка во прав

0,1 г бибер

1 г магдонос

0,01 г ловоров лист

сол по вкус

Начин на подготовка:

  1. Потопете го гравот во соодветна количина ладна вода и чувајте го на ладно место да кисне 1-3 часа. Потоа исцедете ја водата и налејте нова. Ставете го гравот да се вари и варете 10-15 минути.
  2. Во тавче загрејте го маслото, додајте половина од ситно сечканиот црвен кромид и морков, малку пропржете, па додајте го месото претходно одвоено од коските и исечкано. Динстајте додека не испари течноста и тргнете го на страна.
  3. Исцедете ја водата од сварениот грав, па додајте половина од динстаното месо. Налејте топла вода за да се потопат состојките и ставете да се вари со повремено додавање топла вода додека сè не омекне.
  4. Направете запршка. Загрејте ја преостанатата маст, додајте го брашното и пржете додека не порумени. Кога брашното ќе зарумени, тргнете го од оган, додајте црвен пипер и ситно сечканиот лук.
  5. Кога гравот ќе омекне додајте го ловоровиот лист, доматен концентрат претходно изматен во топла вода, посолете и сипете ја запршката постојано мешајќи ги зрната за да не се згрутчат. Варете го гравот со запршката на тивок оган уште 20-30 минути. На крај ставете бибер, магодонос и ако има потреба уште малку сол.

Забелешка: Гравот не го мешајте за време на готвењето додека не се додаде запршката, за да се избегне кршење на зрната.

На здравје!

Слични написи

Погачици од тортиљи, полнети со говедско месо

Biba

Лосос полнет со спанаќ и фета

Biba

Шпански рецепт за ориз

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.