Забава

Општина Гази Баба го буди духот на акцијаштвото од СФРЈ

Со поддршка на општина Гази Баба, градоначалникот Борис Георгиевски како претседател на одборот на акцијашите вчера го означи почетокот на „Скопје на нашите дланки“.

Работната акција се организира по повод 55 години катастрофалниот земјотрес во Скопје, кога млади од сите краеви на Југославија веднаш дојдоа на работна акција за расчистување на разурнатото Скопје.

Почнувајќи од 23 до 26 јули, во периодот од 08:00 па до 12:00 часот, ќе се уредува просторот во студентскиот кампус и факултети во општина Гази Баба. Сите заинтересирани граѓани може да ни се приклучат во оваа акција.

Градоначалникот Георгиевски изјави: ,,Сакам да им се заблагодарам на Македонски железници, кои заедно со своите колеги од железници Србија обезбедија воз со кои акцијашите од сите југословенски републики стигнаа во Скопје. Исто така се заблагодарувам и на Државниот студентски дом – Скопје за сместувањето на акцијашите. Токму акцијашите по земјотресот во 1963 го имаат изградено студентскиот дом Стив Наумов во една од работните акции за обнова на градот Скопје“.

Слични написи

Плажите во Австралија преплавени со медузи

admin

Македонски краткометражен филм „Dogs of War” во трка за прво место на интернационален фестивал “My Rode Reel”

admin

Дали знаете зошто газираните пијалаци брзо испаруваат по отворањето?

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.