Здравје

Одењето боси го подобрува физичкото и психичкото здравје

 

Со одењето без чевли се стимулираат акупунктурните точки на стапалата, а таквата стимулација е одлична за вашето здравје, телесно и духовно.

Човекот е единственото живо суштество што своите стапала ги заштитува со обувки. Според некои експерти, непотребно се плашиме од одењето боси, со тоа си го ускратуваме физичкото и психичкото здравје.

Со одењето боси и со стимулирањето на акупунктурните точки делуваме директно на здравјето на одредени органи. Воедно, се активираат нервните рецептори кои го поттикнуваат работењето на мускулите, кои кога носиме обувки воопшто не функционираат.

Сепак, голем број на луѓе воопшто не практикуваат да одат боси, пред сè поради одредени општествени конвенции и стереотипи кои нè спречуваат да се одважиме, да ги соблечеме обувките и да му дадеме на нашето тело здравје.

Следната препрека која нè спречува во практикувањето да одиме босоноги е и стравот од повреди кој често е неоснован.

Одредени компании кои се грижат за здравјето на човекот, конструираа обувки кои директно ја следат анатомијата на стапалото и овозможуваат максимално чувство на одење без стегите на конвенционалните обувки.

Многумина кои почнале да практикуваат одење босоноги велат дека бенефитот од тоа е максимален и дека тоа придонело за подобрување на нивното здравје, и чувството на поврзаност со природата.

Во одредени градови низ Европа постојат паркови за љубителите на одење боси. Посетителите одат по површини како песок, вода, трева и притоа уживаат и се релаксираат.

Доктор Брус Пинкер, подијатар и хирург за стапала, вели дека со носењето чевли не дозволуваме движење на одредени групи на мускули кои можат, всушност, да го зајакнат нашето тело.

Други бенефити од одењето боси вклучуваат:

  • подобра контрола врз позицијата на стапалото кога ќе го допре подот
  • подобрување на рамнотежата и свесноста за телото во просторот, што може да помогне во олеснување на болките
  • подобра механика на стапалото, што води до подобра механика на колковите и колената
  • одржување на одреден дијапазон на движења во стапалата и зглобовите на глуждовите, како и адекватна сила и стабилност на мускулите и лигаментите
  • ослободување од несоодветни обувки што можат да создадат плускавци, искривени прсти на нозете и други деформитети на стапалата
  • посилни мускули на нозете, што дава поддршка на долната регија на грбот

 

Слични написи

Придобивки од консумирање на сардини

dart

Колку долго се задржува алкохолот во организмот

Biba

Каква корист имаме од летното овошје

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.