Здравје

Носењето несоодветна големина на градник доведува до здравствени проблеми

 

Носењето несоодветна големина на градник доведува до болки во грбот, подгрбавување, а често остава и длабоки траги на кожата под градите. Истражувањата покажуваат фрапантни податоци дека дури 80 % од жените носат градник со несоодветна големина и имаат проблеми поради тоа.

Експертите велат дека жените грешат кога купуваат градник со иста големина како и маиците. Треба да се знае дека во различните животни периоди се менува целото тело, па така и големината на градите.

“Често може да се видат жени со оштетувања на кожата под градите што се случува кога се носат помали градници. Исто така, голем број жени се жалат на болка во грбот и рамената, од причина што несоодветниот градник не дава правилна поддршка на градите, особено кај жените со поголеми гради”, велат дизајнерите на долна облека.

Тие велат дека мерењето на градите би требало да се прави на секои шест месеци за да имаме точен податок при купувањето градник.

При купување на градник битно е да се запазат неколку работи: за да имате градник кој ќе ви стои беспрекорно треба да ја знаете вистинската големина; градите не смеат да испаѓаат од корпите, значи не купувајте премал градник, ниту пак смее да има празен простор во корпите ако градникот е преголем.

Жените со поголеми гради треба да внимаваат и на прерамките – да не бидат тесни и да прават длабоки бразди и да внимаваат колку го стегаат градникот околу грбот.

Корпите на градниците се со големини од А за мали, до Ф за големи гради.

Само со правилно комбинирање на сите параметри може да добиете прекрасен изглед на градите во градникот.

 

Слични написи

Кондомот заштитува од сексуално преносливи болести и забременување, но и ја одржува вагината здрава

Biba

Пушачите и љубителите на кафе треба да јадат по 10 бадеми дневно

dart

Може ли јогуртот да ја зголеми машката плодност?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.