Автомобилизам

Новости во Формула 1 што ќе ја зголемат динамичноста на натпреварувањето

 

Натпреварувањето Формула 1 ја започнува новата сезона со трката во Мелбурн, Австралија, на 17 март.

Ќе се возат вкупно 21 трка почнувајќи со трката во Австралија, заклучно со Големата награда на Абу Даби на први декември.

За да го направат натпреварувањето поинтересно и подинамично, челниците на FIA решија да ги послушаат барањата на гледачите и да го воведат правилото на дополнителен бод за возачот што ќе извози најбрз круг.

Постои еден услов за дополнителниот бод да го добие возачот на најбрз круг во трката, а тоа е тој да се пласира меѓу првите десет.

Во моментов, распределувањето на бодовите изгледа вака: победникот на трката добива 25 бодови, второпласираниот 18, третиот 15, четвртиот 12, петтиот добива 10, шестопласираниот 8, седмиот 6, осмиот 4, деветата позиција носи 2 и десетата позиција дава 1 бод.

Ова решение на FIA не е новина. Во 1950 година, на почетокот на натпреварувањето на Формула 1, возачот на најбрз круг добиваше 1 бод. Оваа практика била присутна сè до 1959 година.

Распоредот на Формула 1 трките за оваа сезона е:

  • 17 март Австралија
  • 31 март Бахреин
  • 14 април  Кина
  • 28 април Азербејџан
  • 12 мај Шпанија
  • 26 мај Монако
  • 9 јуни Канада
  • 23 јуни Франција
  • 30 јуни Австрија
  • 14 јули Велика Британија
  • 28 јули Германија
  • 4 август Унгарија
  • 1 септември Белгија
  • 8 септември Италија
  • 22 септември Сингапур
  • 29 септември Русија
  • 13 октомври Јапонија
  • 27 октомври Мексико
  • 3 ноември САД
  • 17 ноември Бразил
  • 1 декември Абу Даби

 

Слични написи

Новите Turbo S верзии на Porsche 911

admin

Бентли го претстави Continental GT Speed – британскиот разурнувач

dart

Aston Martin го претстави ексклузивниот DBS Superleggera TAG Heuer Edition

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.