Автомобилизам

Новиот Golf R RLMS од тјунинг компанијата APR

Компанијата специјализирана за доработка и тјунинг на фолксвагенови возила APR, на овогодишниот SEMA Show во Невада ќе се пофали со тјунирана верзија на Golf R со ознака RLMS.

Станува збор за специјален Golf R подготвен за тркачки патеки. Го придвижува силен 2.0 литарски мотор со турбо полнач кој испорачува 536 ks. Автомобилот е значително унапреден со новиот 3+турбо полнач на APR, широки гуми од производителот TOYO, и широк body kit. Автомобилот е комплетно подготвен за тркачките патеки, поставени се спортски седишта со OMP појаси, а вграден е и специјален заштитен кафез и противпожарен апарат.

Стандардниот Golf R полека се подготвува за заминување во пензија, а неговиот наследник е во развој. Се најавува мотор со 2.0 литри зафатнина и со 48 волтна хибридна технологија. Моќноста на моторот се очекува да биде околу 400 ks, и на сите тркала ќе се испорачува преку автоматски менувач со седум степени на пренос.

Се очекува неговиот изглед да биде поагресивен благодарение на употребата на јаглеродни влакна, има поголеми всисни канали и четири цевки за издув.

Да почекаме и да видиме што ќе испорачаат.

Слични написи

Range Rover со погон на 6 тркала

admin

Ken Block со нов ѕвер

admin

Smart For Two тјуниран од германската компанија Мансори

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.