Спорт

Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп прогласени за најдобри тенисери во 2018 година

Меѓународната тениска федерација ги прогласи Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп за најдобри тенисери во 2018 година.

Новак Ѓоковиќ по шести пат ја добива оваа награда, а Симона Халеп за прв пат.

“Многу сум почестен со наградата, посебно поради сè што поминав годинава. Секогаш верував дека можам повторно да се вратам на врвот. Исто така сум многу среќен што се изедначив со резултатот на Пит Сампрас со шест титули за најдобар тенисер”, изјави Ѓоковиќ.

За добивањето на наградата за најдобра тенисерка, Симона Халеп вели:

“Претставува голема чест да се добие оваа награда. Имав успешна година, го освоив својот прв Гренд Слем и ја завршив годината на првото место”.

За најдобри тенисери и тенисерки во парови, избрани се Мајк Брајан и Џек Сок кај мажите и Барбора Крејчикова и Катерина Синиакова кај жените.

Меѓународната тениска федерација при изборот на најдобри тенисери во предвид ги зема сите турнири во годината што ги организаираат АТП, ВТА, Девис Куп и Фед Куп.

Слични написи

РК Работнички изигра рутински во Гевгелија

admin

Заврши кратката фудбалска кариера на најбрзиот човек на светот

Biba

Започна 26-тото Светско ракометно првенство со победа на Германија над обединетиот тим на Северна и Јужна Кореја

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.