Избор на уредникот Психологија

Неуредниот дом влијае на психофизичкото здравје

 

Немаат сите луѓе иста толеранција на неред. Некои од нас не можат да замислат ниту еден ден без да поминат најмалку 15 минути за да го средат домот, додека на други можеби тоа помалку им пречи. Сепак, без оглед на вашата личност, неуредноста и аљкавоста можат да влијаат на вас на многу различни начини. Ова е доволна причина да вложите дополнителни напори за одржување на вашиот дом секојдневно.

За жал, ако треба да жонглирате помеѓу бројните обврски на работа и дома, ова може да изгледа како невозможна мисија. Но, неуредниот дом дефинитивно влијае на вашето психофизичко здравје. Иако не е здраво да се опседнувате премногу со чистота и да дозволите дури и најмалиот хаос да ве вознемири, постојано лошо одржуваниот дом може да претставува голем ризик за сите членови на домаќинството. Последиците од живеењето во неуреден дом се многубројни.

Ова не само што може да доведе до некои сериозни здравствени проблеми, туку може да има и екстремно негативни ефекти врз другите сегменти од вашиот живот, вклучувајќи ја кариерата, социјалниот живот и финансиите. Еве неколку прилично изненадувачки начини на кои нечистотијата може да го расипе квалитетот на вашиот живот.

  • Ќе ви го испразни паричникот. Да, добро прочитавте. Можеби на прв поглед изгледа дека овие две работи не се поврзани, но постои силна врска помеѓу живеењето во неуреден дом и развивањето лоши навики за трошење. Ако сте навикнати да бидете опкружени со секакви ситници, веројатно ќе продолжите да купувате такви безвредни предмети и на крајот нема да можете да го прекинете маѓепсаниот круг на постојан неред.
  • Може да ви наштети на кариерата. Ако сте навикнати да живеете во неуреден дом, овие навики веројатно ќе ги пренесете и на вашиот работен простор. Ова може да испрати погрешни сигнали кај вашите претпоставени, па дури и да доведе до тоа да ве прескокнат за унапредување. Уште повеќе, бројни студии покажале дека нередот може негативно да влијае на способноста на личноста да се фокусира и последователно да ги попречи нивните перформанси. Истражувачите наведуваат дека одвлекувањата во околината на една личност може да ја попречат функцијата и продуктивноста на мозокот.
  • Може негативно да влијае на вашите релации со другите. Живеењето во неуредно домаќинство може да ги оптовари вашите односи со другите членови на домаќинството, бидејќи луѓето имаат тенденција да бидат повознемирени кога се опкружени со неред. Добро би било целото семејство да биде вклучено во одржувањето на домот уреден и чист.
  •  Нередот влијае и на вашето здравје. Кога размислуваме за негативниот ефект на нередот врз нашето здравје, обично се фокусираме на опипливи физички услови. Но, неуредноста е многу повеќе од тоа. Растурениот и нечист дом го зголемува стресот. Општото чувство на замор и хроничен стрес често е предизвикан од нашата околина. Можеби нема да го забележите тоа, но вашата средина има силно влијание врз вашето расположение и чувства. Докажано е дека пренатрупаниот дом може да доведе до зголемено ниво на хормонот на стрес кортизол и да ве натера да се чувствувате тажни без очигледна причина.  Ако вашиот дом е преполн со мебел и разни предмети, многу потешко ќе ги извршувате сите дневни и неделни активности. Ова потоа ќе резултира со акумулација на прашина, животински првут и слични алергени кои можат да предизвикаат респираторни инфекции и алергиски напади.
  • Неуредниот дом може да ви ги расипе навиките во исхраната. Бројни студии тврдат дека стресот е во директна корелација со зголемувањето на телесната тежина. Ова често се случува затоа што нашиот мозок ја користи храната како механизам за справување. Ако вашето тело е под стрес, вашиот апетит веројатно ќе се зголеми, додека метаболизмот ќе се забави.

Слични написи

Како да најдете рамнотежа ако сте интроверт во бучниот и зафатен свет

Biba

Поврзаност на писменоста и менталното здравје

Biba

Стресот за време на детството може да доведе до оштетување на мозокот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.